(ФОТО) Агуеро претрпе сообраќајна несреќа

Серхио Агуеро доживеа мала сообраќајна несреќа пред тренингот во средата наутро, јавуваат британските медиуми.

Напаѓачот на Манчестер Сити патувал до „Етихад Емирати“, кога неговиот „Рејнџ ровер“ бил вмешан во инцидентот на патот.

Како резултат на несреќата, возилото е оштетено во предниот дел. Аргентинецот не бил повреден по инцидентот, а потоа учествувал во трнингот на Сити.

Шампионите се осум бода зад лидерот Ливерпул. Во сабота, тимот од Манчестер е домаќин на Кристал Палас.