(Фото) Барбики инспирирани од ликовите во „Војна на ѕвездите” 


САД– „Мател“ произведе 4 нови барби- кукли инспирирани од ликовите на култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ . Куклите Реј, Ц-3ПО, Чивабака и Стормформер се достапни за купување на Barbie.com и Amazon.com. по 100 долари.

Барби -куклите се втор бран на кукли инспирирани од  „Војна на Ѕвездите“ – дизајнирани од долгогодишниот уметник на Мател Роберт Бест. Првиот бран, објавен минатиот ноември, вклучуваше кукли инспирирани од R2-D2, Дарт Вајдер и Леја.

Барби-куклите се најпродавани кукли на светот.