Форум за граѓанско општество на Берлинскиот процес за Клима и Зелена агенда


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), заедно со Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – Скопје (IPECC) денеска го организираат јавниот настан на Форумот за граѓанско општество на Берлинскиот Процес за Клима и Зелена агенда.

Како што информираат од МЖСПП, настанот ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, а ќе се обратат и Штефан Худолин, раководител на Сектор операции од Делегацијата на ЕУ и Алмира Џембула, заменик министерка за туризам и животна средина на Република Албанија.

Од Министерството посочуваат дека главна тема на настанот е „Инвестиции во зелена инфраструктура“, која дополнително се разработува преку аспектите на „Доброто владеење во животната средина“ и „Биодиверзитет и зачувување на природните ресурси“.