Формула 1: Прва победа во кариерата за Пјер Гасли


Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли попладнево забележа победа во шампионатот во Формула 1 на патеката „Монца“. За Французинот ова беше прва победа во кариерата во „кралските трки“.

Италијанското Гран-при донесе многу возбудувања, какви што одамна не се случија во Ф1 трките.

Се почна со излетувањето на Шарл Леклер од Ферари, по што трката беше привремено прекината, а потоа во продолжението актуелниот шампион и лидер во генералниот поредок, Луис Хамилтон мораше да одработи казна од 10 секунди поради прекршување на правилата при влегување во боксот.

Покрај Гасли, на победничкиот подиум се искачија второпласираниот Карлос Саинц од Мекларен, и третиот Ленс Строл од Рејсинг поинт.

Од 4-10. место се пласира: Ландо Норис, Валтери Ботас, Даниел Рикардо, Луис Хамилтон, Естебан Окон, Данил Квајт и Серхио Перез.