Форбс: Тејлор Свифт е најплатена пејачка во светот


САД– Тејлор Свифт со заработка од 185 милиони долари е на прво место на листата на Форбс за најплатени пејачки. Поп-ѕвездата зад себе ја остави до сега неприкосновената Бијонсе , која има над 100 милиони помалку заработувачка за оваа година.

Трета е Ријана , четврта Кети Пери , а петта е Пинк. Тејлор Свифт со својот нов седми албум, доминираше и на доделувањето на наградите на МТВ ВМА , каде покрај Адријана Гранде , беше музичарка со најмногу номинации.

Тејлор се најде и на листата на најдобро платени ѕвезди воопшто и ја надмина дури и најмладата милијардерка Кајли Џенер , која остана на второто место. Топ листата на најдобро платени пејачки изгледа вака:

10. Шакира 35 милиони долари

9. Селин Дион 37,5 милиони

8. Лејди Гага 39,5 милиони

7. Џенифер Лопез 43 милиони

6. Ариана Гранде 48 милиони

5. Пинк 57 милиони долари

4. Кети Пери 57,5 милиони долари

3. Ријана 62 милиони долари

2. Бијонсе 81 милиони долари

  1. Тејлор Свифт 185 милиони долари