Форбс: Софија Вергара е најплатена актерка во светот


Sofia Vergara poses. REUTERS/Mario Anzuoni

САД– Ѕвездата на ТВ-серијата „Модерно семејство“ Софија Вергара е најплатена актерка во светот за изминатава година, објави магазинот „Форбс“. Лани беше втора на листата на Форбс.

48-годишната актерка од Колумбија заработила по 500 илјади долари од епизода во последната сезона од наградуваната ТВ-серија, која заврши пролетва. Според проценките на „Форбс“, Вергара заработила најмалку 100 милиони долари за секоја сезона.

Пандемијата на Ковид-19 ја парализираше филмската продукција низ светот, но според „Форбс“, актерките заработувале од ТВ-серии.

На второ место е оскаровката Анџелина Џоли со 35 милиони долари, а на трето е Гал Гадот со 31 милион долари.