Форбс: Ријана е најбогатата музичарка на светот


САД- Спред „Форбс“ поп- ѕвездата од Барбадос, Ријана, е најбогатата жена во музичката индустрија. Популарната Рири ја симна од тронот поп дивата Мадона и стана најбогатата пејачка во светски рамки.

На листата на престижниот економски магазин со жени кои самите го стекнале богатството, Ријана со заработка поголема од 600 милиони долари се искачила на врвот.

Успехот на Ријана не е изненадувачки ако се зема во предвид дека во изминатите неколку години популарната пејачка основа успешна козметичка компанија „Fenty Beauty’, лансираше бренд на долна облека „ Savage x Fenty“ а од неодамна стана и дизајнерка на луксузна облека и модни детали, во соработка со луксузната групација ЛВМХ.

На второ место на листата е Мадона со 570 , Селин Дион со 450, Бијонсе со 400 и Тејлор Свифт со 360 милиони долари.