„Форбс“: Меси е најплатен спортист во светот

САД– На врвот на листата на „Форбс“ се наоѓа ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси, кој имаше успешни 12 месеци, а притоа заработи 130 милиони долари, меѓу кои 55 милиони биле од активности надвор од теренот.
Зад Меси се наоѓа Леброн Џејмс со 121,2 милиони долари, а 80 милиони долари заработил надвор од терените.
Сумата од 100 милиони ја надмина и Кристијано Роналдо, кој е трет на листата со 115 милиони долари, по шето следат Нејмар и Стеф Кари во топ-5.
Зад нив се Кевин Дурант, Роџер Федерер, Канело Алварез, Том Брејди и Јани Антетокумпо кои имале одлична сезона.