Форбс: Кајли Џенер по втор пат е најмлада милијардерка на светот

САД– Престижниот економски магазин „Форбс“ денес го објави својот годишен список на милијардери во светот. Најмлада милијардерка како и лани е Кајли Џенер, на 22 години. Лани, на 21 година, Кајли беше прогласена за најмлада милијардерка на светот, (сама го стекна богатството, со помош на семејствата Кардашијан-Џенер, едно од најбогатите во шоу-бизнисот)  надминувајќи го и Марк Закерберг – кој имал 23 години кога ја направил својата прва милијарда .

Кајли ја ја задржи титулата втора година по ред, откако во ноември продаде 51% од нејзиниот бренд за козметика, Кајли козметика за 600 милиони американски долари. Продажбата значи дека нејзиниот бизнис сега е вреден приближно 1,2 милијарди американски долари и ја надминува заработката на сестрите Клои, Кортни, Ким и Кендал и на мајка си Крис Џенер.