„Форбс“ ја исфрли Кајли Џенер од листата на милијардери


САД- Магазинот „Форбс“ ја тргна ТВ-ѕвездата и бизнисменка Кајли Џенер од својата листа на милијардери, обвинувајќи го нејзиното семејство за преувеличување на вредноста на нејзината козметичка компанија.

Списанието кое што во 2018 и во 2019 ја прогласи за најмлада милијардерка во светот, сега тврди дека 23-годишната реалити ѕвезда всушност не е толку богата.

Публикацијата тврди дека магнатот за козметика  плетела мрежа од лаги за компанијата и дека фалсификувала даночни пријави (за повраток на данок) за да влезе во листата на милијардери.

Врз основа на даночните пријави на гигантот за убавина „Коти“, кој во јануари се стекна со 51 процентен удел во компанијата на Кајли со договор вреден 1,2 милијарди американски долари, козметичката компанија “Кајли козметикс“ генерирала приходи и профити што биле пониски од бројките објавени од страна на кланот Џенер-Кардашијан.

„Форбс“ сега нето вредноста на Кајли ја процени под 900 милиони долари.

Во изјава на Твитер, Кајли се обиде да го возврати ударот. Таа напиша: „Мислев дека ова е реномирано списание. Сè што можам да видам се бројни неточни изјави и непоткрепени претпоставки.“