Форбс: Џеф Безос најбогат, Трамп за еден месец изгубил 1 милијарда долари


САД– Новиот легален жител на Флорида и претседател на САД, Доналд Трамп, за еден месец изгубил 1 милијарда долари, според „Форбс“.

Одморалиштата на Трамп во Јужна Флорида, вклучувајќи го и Trump National Doral, главен двигател на приходите за неговата семејна компанија, се затворени од пандемијата.

Во меѓувреме, основачот на  Amazon.com, Џеф Безос, го задржа првото место на листата на милијардери, иако и тој изгуби 18 милијарди долари, и падна на 113 милијарди долари – но тоа беше „првенствено поради неговиот неодамнешен развод“, објави Форбс.

На листата, годинава и се приклучи неговата поранешна сопруга, Мекензи Безос, која дебитира на 22 место, со 36 милијарди долари.

И додека продавниците и рестораните се затворени, магнатот со луксузни производи и прв човек на ЛВМХ, Бернар Арно, се најде меѓу првите тројца рангирани милијардери со семејно богатство од 76 милијарди долари. На трето место е Ворен Бафет, кој од 82,5 милијарди долари минатата година, годинава е нешто посиромашен, со 67,5 милијарди американски долари.