Фонтаните во Скопје добија ноќно осветлување во различни бои
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа сподели видео од фонтаните во центарот на главниот град, кои блескаат во ноќно осветлување.
На видеото можеа да се забележат фонтаните лоцирани на плоштадот Пресвета Богородица, фонтаната на плоштадот Македонија, фонтаните пред влезот во Старата скопска чаршија, како и фонтаната на плоштадот ВМРО.
„Ова, е само наше Скопје!“, стои во натписот на објавата.
Инаку, пред околу две недели, беше објавено и дека фонтаната „Лотосов цвет“ на влезот во Градски парк, целосно е обновена, просторот уреден, а поставени се и нова урбана опрема и модерно осветлување.