Фондацијата „Заев“ донираше шест мотоцикли за македонската полиција


Мотициклите на министерот Оливер Спасовски му ги предаде Зоран Заев

 

Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи, беше предадена донација од Фондацијата „Заев“, која се состои од шест мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.

Од МВР соопштуваат дека Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата.

Министерот Спасовски, во свое и во име на МВР, изрази благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Воедно, Спасовски потенцираше дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.