Фондацијата „Македониjа“ на Виктор Стојанов се препозна во откриената проруска мрежа
По соопштението на АНБ дека покренала истрага против македонски државјанин поврзан со пропагандна мрежа од пробугарски и проруски портали, преку својот ФБ профил се огласи Фондацијата „Македонија“ од Бугарија. Со тоа, практично потврдија дека станува збор за нивна мрежа:
„АНБ апси независни новинари кои раководат со прозападни медиуми во Скопје, додека јавно тврди дека уапсила ’претставници на руската пропаганда’.
Муцунски лажно тврди дека барањето во францускиот предлог за запирање на говорот на омраза во скопските медиуми претставува ’цензура на нивните медиуми’. АНБ одзема телевизиска опрема од независен прозападен медиум и лажно тврди дека тој медиум е поврзан со педофил од Битола. Се испоставува дека педофилот од Битола е пријател на Мицкоски и член на високото раководство на владејачката партија ДПМНЕ.
Владата на Мицкоски официјално обезбедува документирано финансирање за јавни личности во Скопје кои промовираат руска пропаганда во земјата, додека истовремено апси прозападни новинари и ги претставува пред јавноста како ’претставници на руската пропаганда’ – иако руската пропаганда во земјата е финансирана од државата, односно од владата на Мицкоски.
Ќе ставиме крај на овие гнасни лаги и манипулации. Сега“, се закани сопственикот на фондацијата Виктор Стојанов, инаку на црната листа на Македонија за влез во државава.