Фон дер Лајен: Западен Балкан е еден од моите приоритети


Новоименуваната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети во нејзиниот петгодишен мандат.

– Сакам Западен Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ, порача Фон дер Лајен.

Таа во текот на претставувањето на нејзиниот тим од еврокомесари и нивните задолженија, нагласи дека ресорот „соседска политика и проширување“ му го доделила на унгарскиот комесар Ласло Трошањиј, имајќи го предвид фактот дека Унгарија, исто како и она, имаат јасна заедничка цел кога станува збор за Западен Балкан.

– Западен Балкан е важен за нас. Сакам да биде колку е можно поблиску до ЕУ, да имаме многу добри односи, интензивна работа и соработка. Тоа ќе биде еден од моите главни фокуси за време на претседавањето, порача идната претседателка на ЕК.

Урсула фон дер Лајен повтори дека чекорите за влез во ЕУ се „јасни“, а за напредок на тој пат првично се одговорни земјите од Западен Балкан.

– Нашите правила не се сменети. Постојат основни вредности, а земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ мора да покажат дека ги почитуваат истите правила, фундаменталните вредности, да ги исполнат условите и треба да се способни за да станат членки на Унијата, нагласи таа.