Фон дер Лајен: Заканата за војна во Европа можеби не е неизбежна, но не е невозможна


Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Заканата од војна можеби не е неизбежна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба да ги зајакнеме и трансформираме вооружените сили на членките на блокот“, рече фон дер Лајен во Европскиот самит за одбрана и безбедност.

Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од нова генерација за да „победи на бојното поле“.

„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно количество материјал и технолошка супериорност што може да и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашите одбранбени индустриски капацитети во следните пет години, тоа е „задача на моментот“, изјави Фон дер Лајен.