Фон дер Лајен твитна на македонски: Ве сакаме во ЕУ!
По денешната посета на Скопје, средбите со функционерите и обраќањето во Собранието пред пратениците, каде упати барање да се прифати францускиот предлог, за да може земјава да ги почне преговорите со Европската унија за членство, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, на твитер напиша и порака на македонски јазик.
Во Твитер статусот на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен се вели:
Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам.
🇲🇰 Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам. pic.twitter.com/yG51PGzhpT
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022