Фон дер Лајен разговарала со Ковачевски – договорот е на дофат


Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен соопшти дека телефонски разговарала со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и дека ги поздравува информациите дека Македонија и Бугарија се блиску до договор.

„Имав добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
 
Таа додава дека Европската комисија е спремна да го почне скринингот за Македонија и Албанија на нивниот европски пат.