Фон дер Лајен го напушти самитот на ЕУ поради сомнеж за Ковид-19

Холандскиот премиер Марк Руте, канцеларката Ангела Меркел, Урсула фон дер Лајен и Емануел Макрон на самитот (Фото: Ројтерс)

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го напушти самитот на лидерите на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19 и заминува во самоизолација.

Фон дер Лајен веднаш по почетокот на состанокот во Брисел добила информација дека еден член на нејзиниот кабинет бил позитивен на тестот на коронавирус.

– Мојот тест е негативен, но од предострожност веднаш го напуштам Европскиот совет и заминувам во самоизолација, напиша Фон дер Лајен на својот твитер-налог.

Таа на почетокот на месецов веќе беше во самоизолација поради присуство на состанок во Лисабон, на кој се наоѓало лице позитивно на Ковид-19.