Фон дер Лајен: Гаспром испорачуваше гас на Европа на најниско ниво

Во текот на изминатите шест месеци, рускиот Гаспром и испорачуваше гас на Европа на најниско ниво кое можеше според своите договори, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Она што се случи во последните шест месеци е дека Газпром секогаш испорачуваше на најниско ниво, истакна Фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција.
– Тие треба да испорачуваат според договорот. Често избираа плаќање наместо испорака на гас, а доставата на Гаспром во нашето складиште годинава е на најниско ниво во изминатите 10 години, посочи таа.