Фолксваген нема да гради фабрика во Турција


Германија– Германскиот производител на автомобили Фолксваген се откажа од плановите за изградба на нова фабрика во Турција поради намалената побарувачката на возила за време на пандемијата со Ковид-19.

Фолксваген планираше да отвори фабрика во Маниса, западна Турција во вредност од 1,3 милијарди евра.

Во фабриката во Маниса требаше да се произведуваат возилата од марката Пасат и Суперб, како и Шкода седан.