„Фолксваген“ ја одложи одлуката за локацијата на фабриката во Источна Европа
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ (VW) ја одложи одлуката за локацијата на новата гигафабрика за батерии за електрични автомобили во Источна Европа поради енергетската криза и високата инфлација.
Компанијата претходно објави дека планира да изгради шест фабрики за батерии низ Европа кои ќе започнат со работа до 2030 година со капацитет од дури 240 GWh годишно. Една од фабриките сигурно ќе се гради во источна Европа, а другата во Шпанија.
Најсериозни кандидати беа Чешка, Словачка, Полска и Унгарија, а фабриката треба да биде отворена веќе во 2027 година.
„Фолксваген“ најави дека конечната одлука за локацијата ќе донесе во првата половина на следната година и дека оваа одлука нема никаква врска со изјавите на чешкиот министер за економија Карел Хавличек, кој најави дека очекува одлука до крајот на годината.
Колку е голема работа доволно говори и фактот што во центарот за производство на батерии на „Фолксваген“ во Салцигер моментално работат 500 луѓе од 24 земји, а вкупната инвестиција се очекува да изнесува околу две милијарди евра. Исто така, во блиска иднина капацитетот ќе се удвои од почетните 20 GWh во 2025 година, а бројот на вработени ќе се зголеми на дури 2.500 работници.