Флорида: Телевизиски новинар убиен додека известувал од место на убиство


 

Телевизиски репортер и деветгодишно девојче се смртно застрелани во близина на Орландо, Флорида, блиску до местото на убиството што се случило неколку часа претходно.

Вториот известувач и мајката на девојчето биле застрелани и повредени од истиот вооружен маж, кој е осомничен и за другото убиство, соопшти полицијата.

Двајцата новинари на Спектрум њуз 13 известуваа за убиството на една жена во областа тоа утро кога се врати осомничениот тинејџер, соопшти полицијата.

Не е јасно дали биле мета.

Осомничениот бил вооружен кога бил уапсен и не соработувал со полицијата, велат истражителите.

Ниту еден од тројцата убиени во двата напади во средата во Пајн Хилс, предградие западно од Орландо, сè уште не е идентификуван.

На прес-конференција, шерифот на округот Оринџ, Џон Мина, рече дека новинарите биле „во или во близина на нивното возило“, кое, според него, не личело на службеното возило на ТВ станицата, кога биле нападнати околу 16 часот по локално време.

Тој рече дека новинарите известувале за пукање што се случило претходно во текот на денот околу 11 часот по локално време, при што била забележана жена на 20-годишна возраст застрелана во автомобил, кога осомничениот се вратил на местото на злосторството и отворил оган.

Откако ги нападнал новинарите, наводниот напаѓач – Кит Мозес (19) влегол во блискиот дом и ги застрелал девојката и нејзината мајка, изјави шерифот.

Мајката е во болница во критична состојба, додаде тој.

Други новинари во близина помогнаа да им се пружи прва помош на жртвите, според локалните новинари.

Спектрум 13 продолжи да пренесува во живо откако беше објавена смртта на нивниот репортер.

Грег Ангел, презентер на вести за станицата, рече дека повредениот новинар „можел да разговара со истражителите и колегите“.

Осомничениот, рече Мина, „има долга криминална историја, која вклучува обвиненија за пиштол и напад со смртоносно оружје, провали и голема кражба“.

Тој го опиша како „познаник“ на жената застрелана утрото, „но, како што дознаваме, тој немал никаква врска со новинарите и никаква врска со мајката и деветгодишното дете“.