Фламингата во ЗОО Скопје пристигнуваат во октомври, на пролет пингвините


Во скопска зоолошка започна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини.

– Ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет. Финансиите за живеалиштето ги обезбеди Град Скопје – соопштија од Зоолошката градина.

Зоо Скопје конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди.