ФК Вардар организатор на меѓународен турнир за играчи до 14 години – натпреварите ќе ги пренесува Спортклуб


Фудбалскиот клуб Вардар е организатор на првото издание на „Вардар куп Скопје“, силен младински меѓународен турнир за играчи до 14 години.

На турнирот учество ќе земат познати екипи од Балканот. Досега своето учество го потврдија Црвена ѕвезда и Партизан од Србија, како и Левски од Бугарија, а најавени се уште и Хајдук (Хрватска) и Марибор (Словенија).

Турнирот ќе се одржи од 26 до 29 мај. Натпреварите ќе се одиграат на терените на тренинг-кампот на Вардар и на комплексот на ФФМ.