Финска приреди сензација, ја елиминира Италија во четвртфиналето на Евроволеј 2026
Одбојкарите на Финска приредија сензација на Европското првенство 2026. Тие синоќа во четврфиналето ја елиминираа Италија победувајќи ја во Торино со 3:2, по сетови 21:25, 28-26, 25:16, 20:25 и 15:13.
Италијанците кои се актуелни светски прваци, важеа за апсолутни фаворити на овој меч, но на крајот ги разочараа своите навивачи кои очекуваа злато од ова Европско првенство.
Финска во полуфиналето ќе се соочи со актуелниот олимпискиот шампион Франција.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат европскиот првак Полска и Словенија.