Финска планира да подигне ограда на границата со Русија


 

Финска планира да подигне нова ограда на делови од границата со Русија по руската инвазија на Украина, се дознава денеска од Владата.

Стравувајќи дека Москва може да ги искористи мигрантите со цел политички притисок, Хелсинки во четвртокот предложи нацрт-амандман за зацврстување на оградата на некои делови од границата долга речиси 1300 км. Неговото стапување на сила треба да биде што побрзо.

Веста доаѓа откако Финска поднесе барање за ленство во НАТО, поради што оваа нордиска земја се плаши од таканаречена хибридна реакција, како компјутерски напади и невоени дестабилизирачки операции.

„Целта на овој законски нацрт е да ја подобри оперативната способност на граничните служби како одговор на хибридните закани“, рече за АФП Ен Иханус, советничка во минстерството за внатрешни работи.

„Војната во Украина поттикна брзо решавање на тоа прашање“, додава таа.

Во моментот, Финска има граница со дрвена ограда која им смета на поминувањето на животните.

„Сега сакаме да изградиме цврста ограда која ќе делува како вистинска препрека“, вели Сана Пало, директорка на одделот за правни работи на граничната служба.

„Оградата најверојатно нема да се протега по целата граница, но ќе ги заштити местата кои ги сметаме за најважни“, додава таа.

Посебни пунктови за барателите на азил

Во случај пријава на мигранти, Владата ќе предложи да се отворат посебни пунктови на границата за прифаќање на барателите на азил.

Тие проритетни места ќе се одредат подоцна, како и буџерот за тој проект, се додава од Министерството за внатрешни работи.

Границата меѓу Финска и Русија, главно поминува низ слабо населени подрачја.