Финска им ја затвора границата на Русите


 

Финска ќе ја затвори границата за руските туристи откако Русите, поттикнати од мобилизацијата за војната во Украина која завчера ја најави Владимир Путин, масовно тргнаа да бегаат во таа нордиска земја.

Финските министри вечрева најавија дека владата ќе забрани влез на руски туристи во земјата следните неколку дена.

„Нашата цел и желба е значително да го намалиме бројот на луѓе кои во Финска влегуваат од Русија“, рече претседателот Саули Ниниесто во разговор за државната елевизија.

Одлуката за забрана за влез на руски турсити доаѓа во моменти кога финските копнени граници ги заплисна бран Руски кои бегаат во страв да не бидат мобилизирани за војната во Украина. „Гардијан“ потсетува дека Финска во изминатите недели беше под голем притисок од своите соседи во ЕУ откако одби да го забрани влезот на руски туристи, што порано го направија Естонија, Литванија, Латвија и Полска.