Финска: Два милиони маски од Кина несоодветни за болниците


Финска нарача два милиони маски од Кина, но по пристигнувањето властите беа разочарани: маските воопшто не биле како што беа нарачани и не ги исполнија критериумите за употреба во болница. Сега, наместо тоа, тие ќе бидат испратени во домови за стари лица и услуги за нега.

„Хартиите беа добри. Сè изгледаше добро, но потоа производот не изгледаше онака како што беше нарачан“, изјави Томи Лоунема, извршен директор на финската Национална агенција за итни случаи, која го координира снабдувањето на земјата на основни добра, како што се маски. Маските беа купени директно од кинеска компанија.

Неколку други европски земји се жалеа на опрема направена од кинески компании.