Финансискиот регулатор на Калифорнија ја презема банката Фрст рипаблик


Калифорнискиот финансиски регулатор – Комисијата за финансиска заштита и иновации (ДФПИ) објави дека ќе го преземе управувањето со проблематичната Фрст рипаблик банк (First Republic Bank). Тоа е трета голема американска банка која пропаѓа за само два месеци.

ДФПИ ѝ нареди на Федералната корпорација за осигурување на депозити (ФДИЦ) да управува со банката и во исто време објави дека ја прифаќа понудата од Џеј-Пи Морган чејс (JPMorgan Chase Bank) да ги преземе сите депозити на банката.

Договорот за First Republic, кој имаше имот од 229,1 милијарди долари од средината на април, доаѓа помалку од два месеци по банкротот на Банката на Силиконскста долина (Silicon Valley Bank)  и Сигначр банк (Signature Bank), по доброволната ликвидација на Силвергејт (Silvergate) фокусирана на крипто средства.