Финалето во Баку трето најгледано финале во историјата на Лига Европа


Азербејџан- Финалето во Лига Европа одиграно синоќа во Баку меѓу Челзи и Арсенал е третото во историјата по посетеност со 51. 370 гледачи.

Најпосетен финален меч во ЛЕ е дуелот меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид одигран минатата година во Лион на кој присуствуваа 55.768 лица.

Второто место е за финалето од 2012 година, во кое играат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Овој меч се играше во Букурешт пред 52. 347 гледачи.