Филмска вечер со германски филмови во Кинотека


Гете-институт Скопје организира филмска вечер, вечерва, во 20 часот во Кинотека на Македонија, на која ќе биде прикажан првиот филм од серијата современи германски филмови – „Клео” на режисерот Ерик Шмид.

Тоа што беше басновитиот свет на Амелија за Париз, тоа е Клео за Берлин: преплавени со идеи ја следиме трагачката по богатство Клео низ еден навидум маѓепсан град во потрагата по богатството на главните криминалци – браќата Зас. Голема градска бајка раскажана со многу хумор и чудесни споредни ликови од минатото, романтична и разиграна, која во исто време претставува своевидна изјава на љубов кон Берлин.