Филмот „Петрунија“ доби награда за режија на фестивал во Минхен

Теона Стругар-Митевска доби награда за режија за филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на штотуку завршениот филмски фестивал (Fünf Seen Film Festival) во Минхен.
Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, филмот беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа, а одлуката едногласно ја донело жири составено од филмски професионалци, филмски новинари, публика и институции. Наградата е парична и во износ од 5.000 евра и ја доделува локалната самоуправа.
Продукцијата информира дека дистрибуцијата на „Петрунија“ во Германија ќе почне во ноември.