Филм од 5 гигабајти во Македонија се симнува за еден час, најспоро во регионот


Најновото истражување на компанијата Cable.co.uk, за широкопојасен интернет спроведено во 221 држава и територии покажа дека филм најбрзо може да се „симне“ во Лихтенштајн, а најбавно во Јужен Судан, каде е потребен речиси цел ден.

Што се однесува на Северна Македонија, која на листата е рангирана на 109 место потребни се 59 минути и 27 секунди за филм со големина од 5ГБ, а просечната брзина на широкопојасниот интернет е 11,48 мегабајти по секунда.

Што се однесува на земјите од регионот, Хрватска е на 25. место, Романија на 26., Бугарија на 36., Србија е на 65. место, Црна Гора на 68, Косово е на 73.,  Босна и Херцеговина на 88 и Албанија на 104 место на ранг листата.

На самиот врв, освен Лихтенштајн се и мали држави како Џерси и Гибралтар, а во топ 10 се и Луксембург и Монако.

Глобалната табела на брзина на Интернет за 2020 година покажува дека Западна Европа доминира, бидејќи осум од десетте земји во светот со најбрза широкопојасна мрежа се наоѓаат во тој дел на континентот.

Унгарија (99,74 Mbps) и Хонг Конг (105,32 Mbps) влегоа во првите десет земји и територии надвор од Западна Европа каде се нуди најбрзиот широкопојасен интернет во Европа и светот.

Најбавниот интернет е во најсиромашните земји во Африка – во просек од само 3,80 мегабити во секунда. Овде филм  се даунлодира за повеќе од четири часа, а во Јужен Судан потребен е речиси цел ден.

Ниту технолошки сè понапредната Кина, со своите 5Г градови, не е во многу позавидна позиција, покажуваат резултатите од истражувањето. Во просек, земјата има прилично бавен интернет и потребни се пет и пол часа за да се преземе филм со големина од 5 ГБ.