Филм и концерт посветен на Фред Бускаљоне, “италијанскиот Клерк Гејбл“
По повод стогодишнината од раѓањето на Фердинандо Фред Бускаљоне (23 ноември 1921 – 3 февруари 1960), италијански музичар, пејач и поли-инструменталист, кој бил популарен во доцните педесетти години од минатиот век, на 23 ноември (вторник), во 20 ч., во Кинотеката ќе биде прикажан италијанскиот документарен филм “Фред“.
“Неговиот прв сингл во 1955 година бил продаден во еден милион копии. Во неговите песни и во филмовите во кои настапувал, Фред бил персонификација на комичен гангстер склон на доброто виски и убавите жени. Неговите улоги биле инспирирани од филмовите со Клерк Гејбл и романескните јунаци на „палп фикшн“ писателот Мики Спилејн. Филмовите со кои оставил трага пред прераната смрт во сообраќајна несреќа во близина на Рим се: “Каква женска!“ (Che bambola/ Whatta babe!), “Тереза, не пукај (Teresa non sparare/ Theresa, don’t shoot!), “Ти беше малечок“ (Eri piccola così/ You were small like that), “Гледај каква убава месечина“ (Guarda che luna/ Look, What A (beautiful) Moon),“Љубов во портофино“ (Love in Portofino/Porfirio Villarosa; карикатурален приказ на светски популарниот плејбој и автомобилски тркач Порфирио Рубироза /Porfirio Rubirosa), “Лесно виски“ (Whisky facile/ Easy Whiskey)…“, велат од Кинотека.
По проекцијата на филмот следи трибјут концерт на бендот Nyx, инспириран од музиката на Фред Бускаљоне. Членови на Nyx се Слободан Танасковски (вокал, флејта и пијано), Дарко Јованов (акустична гитара) и Кристијан Тодоров (тапани) / Slobodan Tanaskovski (vocal, flute and piano), Darko Jovanov (acoustic guitar), Kristijan Todorov (drums and percussion).
Настанот е организиран од Амбасадата на Република Италија и Кинотеката на Македонија.