„Сакам да верувам во добрата намера да се помогне и да се учествува во било каков процес, но мора да бидеме свесни дека со имиња кои учествувале и биле креатори на проблемите тешко ќе стасаме до добро решение. Тие две имиња беа дел во 2023 година во групата што ги правеше уставните измени. Се надевам дека ќе имаат посериозен пристап и ќе дадат нови“, рече Филков.

Нагласи дека со предложените имиња за работната група сериозно се сомнева дека има искрена намера кај СДСМ да помогнат во процесот. СДСМ ги предложи потпретседателката Ана Чупеска и Ана Михајлова Стратилати.

Лидерот на ДСМ Венко Филипче по неодамнешната лидерска средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата изјави дека се договориле да бидат формирани работни групи за реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството.

-„Сега ќе номинирам неколку експерти од областа на правосудството и енергетиката кои ќе се вклучат во изработката на законите коишто се дел од реформската агенда“, рече тогаш Филипче.

Ана Михајлова Стратилати инаку е член на Центарот за бегалско право и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и ментор на Правната клиника за бегалци.
Таа е исто така вонреден професор по меѓународно јавно право на катедрата за меѓународно јавно право на Правниот факултет ,  член на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ECRI)и е вклучена во повеќе предмети на додипломски, постдипломски и докторски ниво како што се: меѓународно јавно право, меѓународно право за човекови права, меѓународно хуманитарно право, мирно решавање на спорови и транзициска правда.
Нејзините академски интереси вклучуваат: човекови права, говор на омраза и злосторства од омраза, културни идентитети и демократија.

Ана Чупевска освен што е потпретседател на СДСМ, е редовна професорка на факултуетот за политички науки при Правниот Факултет “Јустинијан Први” на УКИМ во Скопје.Таа е доктор по политички науки и магистер на науки по меѓународна политика, а нејзиниот научен интерес ротира околу прашањата за мултикултурализмот, специфичните групни права и конфликтите на идентитети, демократијата, популизмот, авторитаризмот, меѓународните политички односи.

Таа е член на научниот совет во Европската фондација за прогресивни политики (FEPS) со седиште во Брисел, организација која креира политики за семејството на левите политички партии во рамките на Европскиот Парламент.