Филиповска-Грашкоска: Медицинските лица утврдуваат кој добива решение за изолација поради контакт со Ковид-19

Медицинските лица кои ги спроведуваат епидемиолошкие анекти утврдуваат дали лицето кое има контакт со забоелен од Ковид-19 е од низок, среден или висок ризик и дали ќе добие решение за изолација.

Ова го истакна претседателската на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска одговорајќи на новинарско прашање во врска со случаи на тоа дали родителите на деца кои се позитивни на Ковид-19 добиваат решенија за изолација.

– Дојдени се информации дека има одредени број лица заболени во училишта. Имаме подоаток во училишта за четири лица кои се позитивни и 59 контакти кои се ставени во изолација. За тоа кој ќе оди во изолација е оставено на одлука на медицинските лица кои ги спроведуваат анкетите. Зошто и колку од лицата се ставени во изолација, тоа е врз основа на спроведените анкети и дека одредени лица кои се во среден и восок ризик се во изолација, а оние со низок ризик не се ставаат во изолација, рече Филиповска-Грашкоска упатувајќи на подетелен одговор од Санитарниот инспекторат.