Филипинска судијка убиена од депресивен службеник кој се излекувал од Ковид-19


Филипинска судијка денеска е убиена во нејзината канцеларија, што се наоѓала во Градската куќа на Манила, од судски службеник (адвокат) кој заздравувал од депресијата во која западнал по заболувањето од Ковид-19, соопшти полицијата, јави ДПА

Судијката Марија Тереза Абадиља (44), која судела во регионалниот суд во Манила била застрелана во глава и била прогласена за мртва веднаш по пристигнувањето во болница, изјави полицискиот началник Хенри Наваро.

Осомничениот, 42-годишниот Амадор Ребато јуниор, веднаш по убиството на судијката се застрелал самиот и починал.

Првичната полициска истрага, наведува ДПА, покажува дека Ребато, кој бил придружуван од својата сестра, се сретнал со судијката во нејизната канцеларија за да даде отказ од работното место, но во еден момент тој извадил пиштол  и пукал во Абадиља.

-Ребато страдаше од депресија бидејќи не можеше да ги исполнува роковите откако на 19 август се разболе од Ковид-19, изјави Наваро.

По пукањето полицијата го заклучи Градското собрание на Манила се додека не доби потврда дека осомничениот извршил самоубиство, додава ДПА.