Филипче жали што не го изградил новиот клинички, а горд е што сите пациенти имаат лекови

Во наредниот период ќе иницира средба со новиот министер за здравство


Фото: Б. Грданоски

Минстерот за здравство Венко Филипче, пред заминување од функцијата рече дека е горд на зголемувањето на платите на здравствените работници, што го укинале паралелниот увоз на лекови, а жали пто не се изградил Клиничкиот центар.

Горд сум на сите порцеси кои се одвиваа инклузивно, навистна сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме за да се зголемат примањата на здравствените работници. Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови.Горд сум на тимскиот дух, кажа министерот во заминување, Венко Филипче.

Тој напомена дека во наредниот период ќе иницира средба со новиот министер за здравство.

 

„Со Беким Сали не се познавам лично, но сакам да иницирам состанок и тоа ќе се случи најверојатно во следните денови. Мојата порака до Сали е да биде транспарентен и секогаш достапен за медиумите“, рече Филипче.

„Во однос на тоа за што најмногу жалам, е што не успеавме да го започнеме проектот за изградба нов клинички центар. Јас сум убеден дека тоа е единствениот начин да се унапреди здравствениот систем на највисокото ниво на здравствена заштита, а тоа е терцијарната. И покрај сите реновирања што ги прави за да се модернизираат условите во кои работиме, сепак новата модерна медицина, интегрираниот тип на здравствена услуга бараат и поинаква инфраструктура. Има нова апаратура што не може да се внесе во малите операциони сали кои ги имаме сега, тоа бара еден нов концепт. Апелирам опозицијата во периодот што доаѓа да го одблокира законот, тоа е одличен проект, граѓаните заслужуваат нова модерна болница“, рече Филипче.