Филипче: Вучиќ беше хоспитализиран пред осум дена со тежок наод на белите дробови


Фото: Б. Грданоски

 – Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, посочува Филипче, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.

-Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, напиша Филипче.