Филипче: Враќањето во нормала ќе биде постепено


Враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно. За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме трите правила: често миење и дезинфицирање раце, одржување најмалку два метра растојание и носење заштитна опрема (маска, марама, шал), напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Ја добивме првата битка со коронавирусот, посочува Филипче и додава дека само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола.