Филипче: Во февруари ги добиваме вакцините од „Фајзер“


Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека по директен договор со производителот на вакцината против Ковид-19 „Фајзер“, тие во земјава ќе пристигнат во февруари.
 
– Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината.  Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април – соопшти Филипче на Фејсбук.
 
Појаснува дека, Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.
 
– Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите Филипче.