Филипче: Уште три нови случаи – вкупно 70 заболени


Фото: Б. Грданоски

Три нови случаи на заболени од корона вирус се регистрирани денеска во државава, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека една пациентка е од Скоје која патувала во Србија, бабата на четиригодишното девојче од Штип, како и уште еден маж. Со 19 потврдени случаи, кои беа објавени утрово и новите три, во С. Македонија до сега има 70 заболени.

Сите пациенти кои се лекуваат од Ковид 19 се со општо добра здравствена состојба, рече министерот, а нивното опоравување постојано се следи. Само пациентката која пред една недела беше ставена на механичка вентилација, има влошување на здравјето, а Филипче се надева дека таа ќе се избори со болеста.

Двајца од заболените се пред оздравување, односно во завршна фаза од болеста.

– Заболени од корона вирус има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид, додаде Филипче.

До сега во Македонија се направени 888 тестови. Имаме доволно тестови за понатаму, со најава дека ќе се набават уште.