Филипче тврди: Не постои политички интерес да се намалат тестовите


Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли шпекулациите дека постои политички интерес да се намали бројот на тестовите.

-Центарот за јавно здравје заедно со Институтот за јавно здравје пристапува кон план за скрининг на лица коишто се смета дека се во некои критични категории. Како одминува оваа фаза на епидемијата се очекува надградување на стратегијата, бидејќи оваа стратегија даде резултати. Направивме една успешна стратегија, а сега градиме план истата да се надгради за да влеземе во новата фаза на епидемијата, изјави Филипче.

-Деновиве се појавија шпекулации дека здравствената криза или олабавувањето на мерките може да се искористи во политички цели. Сакам да кажам дека во изминативе два месеци ниедна одлука не беше донесена за било каков политички интерес. Тоа така ќе остане и понатаму.Кога и да се одржат изборите тие ќе мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните, рече министерот.

Очигледно е дека бројките на пациентите се намалува, епидемијата спаслнува и тоа ни дава за право да работиме на олабавување на мерките,  кажа Филипче.