Филипче: Според навиките на народот – мерките за празниците нема да бидат доволни


Угостителските објекти се соодветен ризик. Токму овој наш предлог да се скрати работното време е да нема собир. Воедно, апелираме да нема собири во домашни услови, викендички и на плоштадите. Согласно мерките кои се на сила за јавно групирање, сето ова ќе зависи од одговорноста на граѓаните, изјави министерот за здравство Венко Филипче во вестите за Сител.

-Размислуваме на сите аспекти на сила имаме превентивни мерки кои даваат резултати, но се уште ситуацијата е критична бидејќи и овие мерки нема да бидат доволни за празниците и соогласно навиките на граѓаните, вели Филипче додавајќи дека оваа зима е вистински предизвик.

Во почетокот на јануари ќе пристигнат фрижидерите во кои може да се складираат вакцините на „Фајзер“ за кои е потребна температура од -70 степени Целзусови.

Според алгоритмите, Филипче смета дека јасно е кои категории на граѓани ќе имаат приоритет во вакцинирањето против Ковид-19.

-Први се здравствените работници, особено оние кои работат со ковид-пациенти. Понатаму, постарите граѓани, над 65 години, пациентите со хронични болести, тие што имаат болести на белите дробови или на срцето. Меѓутоа, целта е да се вакцинираат 60 до 70 отсто од населението, вели Филипче, појаснувајќи дека од по три механизми се бараат по околу 800.000 вакцини за да се достигне ова ниво на имунизација.

Според Филипче, вакцини се набавуваат дури сега бидејќи досега немало таква можност.

-И тие имаат една глобална политика. Тие компании кои сега директно ги контактираме дадоа предност на земјите-членки на Европската унија. Така се направија директни договори на земјите-членки со компнијата Астра-зенека. Но, покажаа една сериозна доза на солидарност, па во рамките на тие директни договори обезбедија количина и за земјите кои не се членки на ЕУ. Во таа смисла, добивме потврда во петокот во разговор со грчкиот министер за здравство кој после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, една количина ќе одвојат и за нас, вели Филипче.

Министерот вели дека прво ќе се прави кампања за информирање на населението за вакцинацијата. Според него, спласнале лажните вести за вакцините, кои во минатото беа честа појава.