Филипче: Состојбата со корона вирусот е стабилна


Фото: Б. Грданоски

Состојбата со корона вирусот во земјава е под контрола и е стабилна, вели министерот за здравство Венко Филипче, во емисијата „Само Вистина“.

Тој вели дека ги знаат кластерите, ги следат контактите, а тоа ни дава сигурост дека ситуацијата може да се држи под контрола.

– Имаме стратегија на широко тестирање, имено се тестираат и контакти кои немаат симптоми, па на тој начин откриваме и до 30 контакти кои се асимптоматски. Но, тие се носители на вирусот. НИвните контакти пак, исто така се тестираат, но епидемиологот одлучува кој од нив ќе биде во 14-дневен карантин, доколку подолг период од денот бил во контакт со заболен. Тој не е ризик за себеси, за семејството и за околината – рече Филипче, на „Само вистина“.

Министерот смета дека почетокот на вториот бран беше поради собирите на луѓето по слави и верски празници, литии, каде не се почитуваа мерките за заштита од ширење на вирусот.

Вели дека мерките попуштија, но никогаш сосема не сопреа, па затоа имаме задолжително носење маски во затворени простории, во јавен транспорт, држење дистанца и слично.

– Имајќи во предвид дека имаме протоколи за се и за работа и за настани на отворено, едиствено може да се направи рестрикција во движење, доколку се зголемат бројкиte на есен – вели Филипче.

За да се смени сликата во целиот свет треба да се почека на вакцина, а до тогаш да се почитуваат мерките за заштита.