Филипче снима како оперира за да едуцира млади неврохирурзи

Познатиот неврохирург Венко Филипче објави видео како ги едуција неговите млади колеги идни неврохирурзи. Во сала на Неврохирургија со камера на глава д-р Филипче снима како оперира за специјализантите по неврохирургија да може да учат.
Филипче за време на операциите секогаш е опкружен со млади лекари специјализанти за кои вели дека се иднината на Клиниката за неврохирургија.
„Треба да се грижиме за иднината на здравствениот систем. Младите колеги идни лекари, хирурзи имаат голема желба за знаење, едукација и пракса. Наша обврска е преку тимска работа, чести пракси да ги едуцираме. Инвестирајќи во нив, споделувајќи ги искуствата и тајните на неврохирургијата, инвестираме во модерен здравствен систем“, вели Филипче.
Снимените операции кои ги најави Филипче ќе бидат нов ресурс преку кој студентите на Клиниката за неврохирургија, директно ќе се запознаваат со процесот на операција.
Видеото „Низ очите на еден неврохирург“, може да го погледнете тука.