Филипче: Ситуацијата е мирна, во моментов нема потреба од рестриктивни мерки

Министерот за задравство Венко Филипче смета дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека нема портеба од воведување на нови рестрикции.
-На состанокот со Комисијата за заразни болети ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, има пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки којашто навистина ќе биде ефикасни.Во овој момент ситуацијата е мирна нема многу прегледи и сметам дека нема потреба од нови мерки, рече Филипче.