Филипче се дистанцираше од Црвенковски: „Или си СДСМ или не си“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денска јавно се дистанцираше од поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, откако во јавноста се појавија фотографии од ресторан во Охрид со политичките противници.
„Јас можам само да го цитирам поранешниот председател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Црвенковски во Охрид беше фотографиран во ресторан со градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, и пратеникот од истата партија Саше Донев.
На фотографиите на едната Црвенковски вечера во рестран во Охрид со актуелниот градоначалник Пецаков кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ а на масата се и газдата на фирмата „Пупе компани“. На друга фотографија Црвенковски е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска.
Според медиумите средбата на Црвенковски со Пецаков не е прва, наводно имало уште две претходно во куќата на семејството на Црвенковски во охридско Слатино.
Се споменува дека, наводно, Црвенковски побарал и договорил Пецаков да му заврши работа на негов пријател бизнисмен, а за возврат Црвенковски да му даде на Пецаков поддршка за престојните локални избори.
Носителката на листата на ЗНАМ, Горговска, сама ја објавила фотографијата на нејзиниот Фејсбук профил. За партијата на Максим Димитриевски ЗНАМ уште од почетокот се шпекулира дека зад нејзиното формирање стои Црвенковски.
Бранко Црвенковски јавно го замрзна неговото членство во СДСМ на чие чело беше долги години незадоволен и револтиран од тогашниот лидер и премиер Зоран Заев околу политиката кон Бугарија и интервјуто на Заев за бугарски „Бгнес“.