СДСМ има план како да врати дел од лекарите кои заминале, вели Филипче


 

Носителот на листата на СДСМ во Четвртата изборна единица, Венко Филипче, денес учестувуваше на трибина посветена на здравјето во Прилеп каде пред 150 здравствени работници ја претстави програмата на СДСМ и коалицијата во делот на здравството и планираните проекти кои директно ќе ги подобрат условите за здравствените работници и пациентите. 

Во своето обраќање Филипче потенцираше дека голем фокус ќе биде ставен на задржување на лекарите и здравствените работници дома, процес кој е започнат во овој мандат. 

„Прво вложивме во вас, затоа што вие сте столбот на здравствениот систем“, им порача Филипче на лекарите. „Добри услови за здрвствените работници како добир плати, едукација и безбедна средина за работа се предуслов да ги задржиме дома. И на ова силно работевме и уште посилно ќе работиме во слендиот мандат. Ја зголемивме основната плата на докторите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25% на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%.“ – истакна тој

Во следниот мандат Филипче рече дека СДСМ во програмата има план како да задржи најголем дел од лекарите дома, но и да понуди конкурентни услови за враќање на дел од оние кои заминале а сакаат да се вратат и работата во Македонија. 

„Клучен проблем е одливот на кадар. Како и секаде во регионот, така и кај нас многу лекари заминуваат за подобри услови во странство. Тоа проблем на секоја земја во развој, но работници губиме во сите сектори, не само во здравството. Имаме план како да ги вратиме дома оние кои сакаат да се вратат и придонесат. Ќе обезбедиме европски плати, ќе им понудиме конкурентни услови и јас верувам дека можеме да вратиме дел од оние кои заминале. За секој лекар што ќе се врати во земјава веднаш ќе се обезбеди работно место, а ќе се издвојат и стимулативни средства во висина на месечните плати за време на работата во странство. Колку заработувале таму, толку ќе заработуваат и тука“, рече Филипче.

Тој зборуваше и за тоа како СДСМ планира да ги подобри условите за специјализантите за кои СДСМ прв пат обезбеди плата и здравствено осигурување.